Fashionel прогнозира: Што ќе носат познатите на Оскарите?

1 март 2018

Во недела, четврти март, е датумот за кога е закажана најпрестижната филмска манифестација, јубилејните 90-ти по ред Оскари.

Пред започнувањето на официјалниот дел на највозбудловото шоу, сето внимание е на фамозната црвена патека која во суштина важи и за најатрактивната и најскапата модна писта.

Зухаир Мурад

Врз основа на тоа кои се најпосакуваните брендови и кој стил доминира на оскаровскиот црвен килим, како и имајќи ги во предвид новите луксузни дизајнерски колекции обележани со предзнакот - висока мода, направивме една наша прогноза за тоа што може да очекуваме и во какво издание би можеле да ги видиме познатите на најблескавата филмска ноќ.

Меѓу фаворитите кај филмските ѕвезди секогаш се и Армани, Диор, Шанел, Зуахир Мурад, Ели Саб, Ралф и Русо, Џамбатиста Вали, Живанши, Гучи, Оскар де ла Рента, Александар Меквин...

Со нетрпение очекуваме да го видиме црвениот килим во недела навечер, па да споредиме дали и колкав дел од нашата прогноза се остварила.

Диор

Џамбатиста Вали

Ели Сааб

Зухаир Мурад

Ралф и Русо

Валентино

Живанши

Армани

Шанел

Алберта Ферети

 

Објавено:
1 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
548 пати