Откако поранешната членка на поп-групата „Spice Girls", Викторија Бекам, го остави поп-имиџот зад себе и се посвети на градење на својата бизнис кариера како модна креаторка, нејзиниот стил значително се промени. Низ годините, нејзините обожаватели и јавноста беа сведоци на стилската трансформација на поранешната пејачка која полека преминуваше од нејзините карактеристични темни нијанси кон елегантни комбинации.
Фото: Vogue
Иако можеби јавноста најмногу ја памети по нејзиниот сериозен и строг изглед, црни тесни фустани и големи црни очила кои криеја речиси половина од нејзиното лице, сепак постојат докази дека зад тие темни нијанси сепак се крие позитивна и блескава личност со беспрекорен вкус за мода.
Сè почестата практика на внесуавње светли бои во својот гардеробер речиси и да ја променија нејзината аура, а оваа година брендот на Викторија постигна целосна стилска „преродба", следејќи ги последните трендови на свежи и енергични пастелни бои.
Фото: Vogue
Па, ова се дел од нејзините највпечатливи изгледи низ годините кои го прикажуваат отстапувањето од препознатливиот темен изглед на Posh Spice.
Фото: Vogue