Иако првите официјални фотографии од крштевката на синот на Меган и Хари беа објавени пред некое време, денеска светот имаше можност одблиску да види како всушност изгледа малиот Арчи.
Меган и Хари го запознаа нивното четиримесечно бебе со бискупот Дезмонд Туту и неговата ќерка Тандека Туту која била воодушевена од Арчи.
На видеото објавено на нивниот официјален профил, тие изгледаат навистина прекрасно додека влегуваат во резиденцијата на бискупот, а Меган го носи малиот Арчи во раце додека тој преслатко се смее.
View this post on Instagram
Ова е прво вакво видео објавено од кралската двојка, а и прво појавување на Арчи со неговите родители на официјалната турнеја низ Јужна Африка.
Малиот Арчи беше облечен во сладок син комбинезон со бела блузичка, додека неговите родители беа пример за елеганција во црно бели комбинации соодветни за пригодата.
Хари и Меган се на 10 дневна турнеја во Јужна Африка, а следните неколку денови принцот Хари ќе замине во Ангола и Малави, додека Меган и Арчи ќе останат во Кејп Таун со оглед на тоа дека тој е многу мал постојано да патува.
Додека Хари е отсутен, Меган ќе ја посети хуманитарната организација каде им се обезбедува помош на мајките што живеат со ХИВ.