•
19 јануари 2021
Познатиот актер Мајкл Даглас (76) на социјалните мрежи сподели црно-бела фотографија на која го држи својот внук Рајдер.
„Првпат го видов мојот едномесечен внук Рајдер“, напиша под фотографијата која зрачи љубов оставајќи и насмеано емоџи и срце.
View this post on Instagram
Неговиот син Камерон Даглас и неговата пернерка Вивијан Тибес му посакаа добредојде на нивното второ дете Рајдер Т. Даглас кон средината на декември. Тие веќе ја имаа тригодишната Луа.
Еден месец подоцна, гордиот дедо го запозна својот внук.
View this post on Instagram
За потсетување, Камерон (42) е првиот син на актерот, кој го доби со Диандра Морела Даглас со која беше во брак од 1977 до 1995 година.
Мајкл е веќе 21 година во брак со Кетрин Зета Џонс со која ги имаат ќерката Карис и синот Дилан.