Фрида Кало vs Јоко Оно

13 август 2013

Две спротивни убавини, белег на 1900-те години, запаметени по својата провокативност и авангардна појава. Денес нивниот симбол за убавина на едно минато време повторно се актуализира. За некои инспирација, за некои предизвик, но во суштина се работи за стил и убавина кои останеле запаметени и сведочат за постоење на една еклектична и страствена појава.

Фрида Кало, со полно име Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон, сопруга на познатиот мекскански сликар Диего Ривера.

 

Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон

 

Јоко Оно, чие име на јапонски значи „дете на океанот“, а презимето „мала ливада“, е јапонски уметник и вдовица на Џон Ленон.

 

Јоко Оно со Џон Ленон

 

Убавината и посебноста на Фрида се одликува токму со нејзините недостатоци, а најинтересно е што таа не ги крие, напротив тие се нејзиниот главен адут, а тоа е она што ги возбудува сите останати:

Долга коса која секогаш е собрана во пунџа или во плетенки украсени со венци од цвекиња.

И додека во Холивуд тренд беа тенките веѓи, Фрида ги остави да и пораснат и да и се спојат. Тенденција која денес ја наметна Кара Делевињ.

 

Гвен Стефани

 

Жена со мустаќи денес е синоним за запуштеност, но Фрида ги остави да и растат, тоа според неа беше нејзиниот манифест на безгрижност и целосно потпирање на природната убавина.

Никогаш без светол црвен кармин.

Во светот на Јоко Оно се работи за сосема друга приказна. Нејзиниот стил е минималистички, еве кои се нејзините одлики:

Контрастот на црна и бела нијанса.

Долга коса, со брановидни кадрици и пуштена.

 

Хелена Кристенсен

 

Чисто лице без никаква шминка. Сапунот и водата се единствените производи кои треба да се користат.

Нејзиното мото е less is more.

Во продолжение погледнете ја галеријата и видете како поимот убавина кои го промовирале овие две модни икони пред многу години послужил за основа да се изгради еден модерен своевиден култ на естетската убавина денес.

 

 

 

Објавено:
13 август 2013
Категорија: 
Сцена