Фустан 2 во 1: Кејт Мидлтон инспирација за деловните жени што ѝ даваат предност на елеганцијата
•
22 јуни 2023
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон деновиве се појави во јавноста во аутфит што е дефиниција за сведена елеганција.
Иако можеби на прв поглед, белата комбинација што ја носи на себе личи на дводелен сет од плисирано здолниште и сако од твид, всушност се работи за фустан кој вклучува елемент на сако во пеплум крој.
Дизајнот е со потпис на брендот Self-Portrait и доловува ефект на безвременска класика.
Принцезата од Велс, одлично го надополнила со црни високи потпетици од Aquazzura и клач чанта од Шанел.
Минималистички и дамски изглед што може да послужи како одлична иснпирација и за деловните жени.