Гитаристот Кертис Хардинг се приклучи на проектот на Сен Лоран

16 јануари 2014

Соул гитаристот од Атланта и челен на групата „Night Sun“, Кертис Хардинг,  е дел од новиот музички проект на брендот Сен Лоран. Креативниот директор Хеди Слиман , претходно ги вклучи музичарите Чак Бери, Џери Ли Луис, Мерлин Менсон, Кортни Лав како дел од кампањата на брендот, која фокусот целосно го става на музичарите.

Сега кон нив се приклучува и Кертис, а  освен тоа Хеди Слиман се потпишува и како главен продуцент на новиот спот на Хардинг за песната „Next Time“, каде гитаристот навистина изгледа шармантно.

 

Објавено:
16 јануари 2014
Категорија: 
Сцена