За дизајнерот Ралф Лорен, вчера беше голем ден, се случи долгонајавуваната премиера на документарниот филм за неговиот лик и дело „Very Raph“.
Премиерата се одржа во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, а вниманието го привлекоа голем број познати личности, меѓу кои и Ана Винтур, дизајнерките Вера Ванг, Дона Каран, Тори Бурч.
Сепак, покрај дизајнерот, најголемото внимание го привлече убавата манекенка, Лили Алдриџ. Таа на црвениот килим се појави во црвена, едноставна, а сепак мошне впечатлива креација на Лорен. Фустанот го истакнуваше нејзиното тело, кое е доведено до совршенство само девет месеци по раѓањето на второто дете.
Со оглед на тоа дека во делот на половината има набори, моделот е совршен за дами кои би сакале да го сокријат стомакот, а да го истакнат горниот дел од телото.
Ништо помалку впечатливи не беа ниту Хилари Рода која се одлучи за фантастичен бел комбинезон со широки ногавици и V-израз, како и Џорџија Фолер која изгледаше совршено во белите широки панталони и краткото елече.
Карли Клос пак се појави во црн долг фустан со еден ракав.
Дизајнерот носеше темно одело, а за слична комбинација се одлучи и неговата сопруга Рики.
На премиерата присуствуваше и синот на дизајнерот со сопругата.
Во продолжение погледнете го трејлерот за документарниот филм во продукција на „Ејџ-Би-О“, како и дел од останатите гости:
фото извор: Instagram.com; celebfirst.com;