Гламурозно возење во олдтајмери на премиерата на „The Return“ во режија на Карл Лагерфелд

11 декември 2013

сцена од филмот The Return Сцена од филмот The Return

 

„The Return“ (Враќање), филмот во режија на Карл Лагерфелд посветен на Коко Шанел во периодот кога по 15 години апстиненција таа се враќа на пиедесталот на модната сцена, беше прикажан вчера вечер во тексашкиот град Далас, пред аудитуриум кој ја имаше честа и необичното чувство филмот да го проследи распределена во 200 олдтајмери - автомобили кои беа изнајмени само за големата премиерна промоција на овој филм.

 

сцена од филмот The Return Дел од атмосферата за време на проекцијата на  филмот  „The Return“

 

Големото шоу започна со проекцијата на филмот, а продолжи со  прикажување на пред-есенската колекција на Шанел  нсловена Metier’s d’Arts, што дополнително ја збогати програмата.

 

Андре Леон Тејли, Карл Лагерфелд и Ана Винтур Андре Леон Тејли, Карл Лагерфелд и Ана Винтур

 

Меѓу присутните беа неговата долгогодишна пријателка, уредничката на американски Vogue, Ана Винтур, ѕвездата на „Твајлајт“ Кристен Стујарт, која е избрана за заштитно лице на кампањата на Шанел за 2014, како и девојката со неверојатен талент која филмското платно го освојува уште од раното детство, Дакота Фенинг  и многу други.

 

Лорен Хатон, Дакота Фенинг и Кристен Стујарт Лорен Хатон, Дакота Фенинг и Кристен Стујарт

 

Автентичната атмиосфера во која беше проследена премиерата на филмот  ги врати присутните во далечните 50-ти години кога младите наместо во кино сали, уживале во црно-белите кинематогравски остварувања на големото платно следејќи ги од своите автомобили.

 

Поклонот на крајот на шоуто Ревијата на која беа презентирани парчињата од пред-есенската колекција

 

Оригинално, софистицирано и достоинствено, како што впрочем доликува и на името на овој бренд, а уште повеќе на делото и животот на единствената Коко Шанел.

 

Карл Лагерфелд Карл Лагерфелд

Објавено:
11 декември 2013
Категорија: 
Сцена