Во главниот град на Романија, Букурешт во кралската палата Ştirbei, изминатата недела се одржа модна забава - Гранд Бал на Harper’s Bazaar.
Специјално за настанот кој се одржува секоја година, има дефиниран кодекс на облекување и истиот треба да биде елегантен и префинет. Познатите личности се натпреваруваа со своите модни креации, изработени главно од тантела, кадифе, сатен и други благородни текстури. Во листата најдобро облечени беа номинирани Лоредана, Амалија Настасе, Јојо, Александра Унгуреану, Разван Чобану и други. Титулата за најстилска личност на вечерта и' припадна на модната уредничка на Harper's Bazaar, Лилјана Андреј Јову Булгац.Она што го привлече вниманието на гостите беше шармантно украсениот простор, што беше комплетно во пролетен дух, а за што придонесоа и цветовите во силни црвено - розови нијанси. За музиката беа задолжени дел од членовите при оркестарот на националната опера во Букурешт.
Во продолжение погледнете ја галеријата од фотографии и одберете го вашиот стилски фаворит и уживајте во прекрасниот амбиент.