Хрватот Грго Зечиќ во своето портфолио забележа уште еден интернационален професионален успех. Откако беше именуван за моден уредник на третото најпродавано машко модно списание во светот- Hero, за истата публикација сними едиторијал што веб страната models.com, го прогласи за еден од најдобрите машки едиторијали за 2013 година.
Главните улоги во оваа модна приказна им припаднаа на двата најбарани светски машки модели Матијас Лоридсен и Клемент Чабемауд, кои воедно се и заштитни лица на модната куќа Шанел, Ботега Венета, Балман и Валентино. Воедно, ова е и прв пат овие два модела да соработуваат заедно во моден едиторијал.
„Да се работи со Матијас и Клемент беше навистина забавно. Всушност, најголема прашина кренаа кратките панталони со потписот на модната куќа Ланвин. На тоа снимање за прв пат во животот возев мотор и тоа за мене тоа беше еден од најинтересните и највозбудливите моменти. Што се однесува за модните комбинации, нема некоја претерана филозофија. Ги одбирам оние парчиња што во моментот најмногу мислам дека се совпаѓаат, без премногу да размислувам. Во мојата работа се водам инстинктивно и спонтано од моментите и луѓето, без правење драми или тензии“, вели Грго Зечиќ.
Едиторијалот ги промовира клучните модни парчиња од најновите колекции на Балесијага, Сен Лоран Париз, Comme des Garcons Homme Plus, Дрис Ван Нотен, Ланвин, Прада, Луј Витон и Диор. Фотографиите за едиторијалот ги потпиша Гај Ароч, а за насловната страна втор пат по ред е заслужен Хеди Слиман.