Гвен Стефани на удар на критики: Нејзиното лице е 99% филери и 1% кожа

29 јануари 2020

На неодамна одржаните „Греми“ награди, меѓу присутните, а и оние што настапија беше и Гвен Стефани. Таа носеше креација на „Долче и Габана“, доволно светкава и богата, да нема шанси да не ја забележите. Но, она што многу повеќе се коментираше беше лицето на пејачката.

„Господе, што ѝ се случило на Гвен Стефани со лицето“, „Хеј Гвен Стефани, престани да го полниш твоето прекрасно лице со ботокс. Ќе станеш вештачка како Мадона“, „Лицето на Гвен Стефани е 99% филери и 1% кожа“ се само дел од коментарите кои се појавија на Твитер.

Многумина сметаат дека новото „замрзнато“ лице воопшто не ѝ прилега и дека порано со сите несовршености била далеку поубава.

„Да не се залажуваме со муабетите за природно стареење...“ дел е од друг коментар.

Инаку, актерката има 50 години, но изгледа дека не може да се помири со природниот процес на стареење.

Ова не е првпат јавноста да ја критикува за „пластичниот изглед“ на лицето. Во април минатата година се појави на АСМ наградите и повторно ја предизвика истата лавина коментари.

Таа досега не зборувала јавно за тоа дали и што прави со своето лице.

Што мислите вие?

Објавено:
29 јануари 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.120 пати