Гвинет Палтроу-пример за успешна жена во секој поглед

5 октомври 2013

Според направената анкета магазинот People, ја прогласи за најубава жена во светот, а истовремено пак списанието Star Magazine, за најантипатична ѕвезда. Тоа се двете контрадикторности со кои карактеризира оваа холивудска дива.  И покрај фактот што е мајка на две прекрасни дечиња Ејпл и Мојсеј, таа успешно ги координира своите професионални ангажмани, има прекрасна витка линија, одлично ја игра својата животна улога на мајка, а од неодамна е една од луѓето кои го промовираат манифестот на здрав живот и има основано сајт кој има задача да ја промовира паролата во здраво тело здрав дух. И што да кажеме после се ова погоре набројано освен дека Гвинет е вистински бренд и мултиталентирана жена.

 

 

Детството и е обоено во мирисот од парфемот на нејзината мајка кој денес повеќе не постои, мирисот на океанот и букетите од кринови кои постојано ги имало во нивната куќа.

Има напишано две книги за готвење, процес кој за неа претставува вистински израз на љубов, нешто што и го одвлекува вниманието и креативен начин да им угодува на нејзините сакани. Од неодамна лансираше и свој сајт каде се промовираат нејзините рецепти и вештини во кујната.

„Сакав да го споделам моето знаење со останатите луѓе. Ми се виде како интересен проект, кој постепено расте и прераснува во семеен бизнис. Резултатот на напорна работа ме доведе до успех и многу сум среќна за тоа“, раскажува Гвинет.

 

 

Нејзиниот рецепт за среќа врска е искреноста и отворениот разговор на секоја тема.

„Никогаш не го ставајте вашето его во преден план, секогаш тежнејте кон компромис, научете да бидете принцези, домаќинки и мајки, ќе ви се допадне тоа“, вели Палтроу.

Се закити со највисокото филмско признание наградата Оскар кога имаше само 26 години.

„Кога го добив Оскарот се запрашав што понатаму. Што ќе правам сега со мојот живот и мојата професија и работа која веќе е оценета со највисока оценка. Го доживеав како ослободување, затоа што добив време за да му се посветам на мојот живот, сопругот, децата. Сега така и ги бирам улогите и филмовите во кои играм, одржувам баланс и компатибилност со семејниот живот и не жалам за тоа“, додава актерката.

 

 

Таа е во 40-тата година од својот живот и се чувствува одлично, изгледа одлично и тоа ја прави среќна. За неа годините се фантастичен момент, кој е клучен во нејзиното осознавање за животот, како тој да добие на квалитет за таа да се чувствува исполнета со истиот ентузијазам како кога била 20 години помлада.

 

 

„Невозможно е да имате се под своја контрола, тоа е чиста илузија. Ризиците, страдањата, чувствата се дел од нашето секојдневие. Треба да научите да се носите со нив. Јас ги имам сите пари на светот, слава се што можам да посакам, а не можам да избегнам да плачам. Животот е толку несовршен,не се трудете да го усовршувате, создадете си свој сопствени правила, цел и принципи по кои се ќе се водите и само така ќе бидете успешни и среќни. Живејте со полна пареа на начин на кој вас ви одговара“, заклучува ѕвездата.

 

 

Вели дека не сака многу да се шминка и дека жената е синоним за убавина само кога е природна. За Гвинет најголем непријател кој ја старее жената е лутината. Свесна е дека не може секогаш да се смееме но барем еднаш дневно да се обидеме да си го дозволиме тоа „мало задоволство“.

Пластичната хирургија не е нешто што ја воодушевува но сепак остава на свеста на самата жена, ако има вистински добра причина да го направи тоа тогаш е во ред.

 

 

„Убавината отсекогаш била идеализирана , и тоа најчесто на најлошиот можен начин, ама што да се прави такво ни е општеството, културата, стандардите. Жално е што многумина не знаат дека постои внатрешна убавина“, вели дивата.

Се релаксира со топла бања, чаша вино и цигара. Горда е на нејзините деца, ја сака ноќта и го обожава својот сопруг.

 

 

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Сцена