Гвинет Палтроу во раскошен фустан на пруги од Каролина Ерера за прославата на 250-годишнината на Veuve Clicquot

27 октомври 2022

Холивудската актерка Гвинет Палтроу блесна на црвениот тепих во раскошна тоалета со потпис на Каролина Ереа за време на прославата на 250-годишнината на Veuve Clicquot, што се случи во вторникот во Лос Анџелес, Калифорнија.

Фото: wwd.com

Фустанот на пруги кој го носеше актерката е од колекцијата на Каролина Херера за пролет 2023. Инспирација за креацијата претставувала книгата „Тајната градина".

Фустанот се карактеризираше со долга, лелеава и асиметрична силуета, без ракав од едната и долг ракав од другата страна, впечатлив детаљ од карнери на левото рамо, страничен засек кај торзото, висок шлиц и ефект на врзување околу половината.

Фото: wwd.com

Фото: wwd.com

Палтроу го координираше изгледот со пар црни сандали, додека пак од модни додатоци таа носеше неколку прстени, златна нараквица и суптилни мали обетки.

Фото: wwd.com

Покрај нејзините останати активности, Палтроу неодамна лансираше и колекција со брендот на производи за компресија Copper Fit. Палтроу, исто така, напорно работи на Goop, а неодамна го лансираше и Goopglow.

За прославата на 250-годишнината на Veuve Clicquot, со која и се оддава почит на истоимениот основач Madame Clicquot, Гвинет Палтроу беше придружена од многу други блескави имиња, меѓу кои и Гал Гадот, Ела Балинска и Лаура Хариер.

Објавено:
27 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
466 пати