Во Калифорнија вчера вечер се одржаа престижните Hollywood Film Awards, што беше повод на едно место да се видат некои од најдобрите актери и режисери од филмскиот свет.
Но, ова беше настан кој вреди да се проследи и од моден аспект.
Повеќето од познатите личности се одлучија за црно-бели креации. И иако во прв момент ќе си помислите дека црвениот килим бил досаден, сепак не. Покажувајќи софистицираност и комбинација на актуелни модни трендови со модна класика, ѕвездите успеаја да го свртат вниманието кон себе на најдобар можен начин. На овој настан добија признанија за тоа колку се добри во полето на кое работат, а воедно изгледаа спектакуларно.
Рене Зелвегер зачекори на црвениот килим во коктел фустан од брендот A.W.A.K.E, кој во горниот дел има несекојдневен израз и јака, во комбинација со бел материјал.
Шарлиз Терон се појави во креација на „Александар Меквин“ и се најде на листата на најдобро облечени. Се работи за комбинација од црни панталони и горен дел од тантела со украсни елементи кои го привлекуваат вниманието и даваат свечен ефект.
Оливија Вајлд изгледаше фантастично во долгото здолниште и горниот дел со пеплум елемент, со потпис на „Мајкл Корс“. Белата ткаенина одозгора имаше сребрена мониста, што ја збогатува креацијата и ја прави уште повпечатлива.
Ни се допадна и изгледот на Сиена Милер, која беше една од ретките што се одлучи за фустан во боја. Креацијата која има шлиц, голи рамена, и широчина во која телото може слободно да се движи изгледа прекрасно на неа.
За креации во боја се одлучија и Вајола Дејвис, која носеше син фустан со карнери од брендот „Мајкл Корс“, како и Бланка Бланко и Кејтлин Девер кои се појавија во црвени креации. Лора Дерн носеше розова креација од „Маркариан“, со ремен на кој има цвет, што за неа беше малку необичен избор.
На настанот се појавија и Џенифер Гарнер, која се одлучи за класична црна тоалета со потпис на „Стела Макартни“, додека Никол Кидман изгледа фантастично во креација на Луеве, со 3Д цветови. Белиот женствен фустан го комбинира со црвени чевли, кармин и обоетки, со што го заокружува изгледот.
Меѓу присутните беа и Алиша Кис која носеше црн фустан со гол грб, на кој имаше впечатлив украс, а кој е креација на „Стела Макартни“. Дакота Џонсон се појави во светкав комбинезон на „Ив Сен Лоран“.
Со своето присуство, манифестацијата ја збогатија и Мет Дејмон, Ал Пачино, Антонио Бандерас со новата партнерка, Фарел Вилијамс, Џим Кери...
Награди:
За достигнувања во кариерата: Шарлиз Терон
За најдобар актер: Антонио Бандерас во филмот “Pain and Glory“
За најдобра актерка: Рене Зелвегер за улогата во „Judy“
За споредна машка улога: Ал Пачино во The Irishman
За споредна женска улога: Лора Дерн во Marriage Story
Холивуд блокбастер:Avengers: Endgame
За најдобра песна на филм: Фарел Вилијам„Letter To My Godfather from The Black Godfather
За режисер во подем: Оливија Вајдл за Booksmart
Најдобар анимиран филм:
Toy Story 4
Останатите награди можете да ги погледнете ТУКА:
Погледнете ги фотографиите во продолжение.