Хуго Бос им додели награди на најуспешните

22 ноември 2014

Светскиот бренд Хуго Бос вчеравечер повторно на најуспешните уметници им додели награди во познатиот њујоршки музеј  Гугенхајм. Главната награда – 100.000 американски долари и трофејот во форма на пирамида, отиде во рацете на уметникот Пол Чан. Овој значен повод беше и главна причина низ армијата гости да видиме и многу познати лица од светот на модата и шоу бизнисот. Меѓу ѕвездените гости беа и моделот Наташа Поли која се појави во лелеав, едноставен и транспарентен миди фустан во пастелно сина боја.

Наташа Поли Наташа Поли

 

Актерката Кејт Босфорт се појави во бел миди фустан без прерамки кој ја следи силуетата на нејзиното тело, а во предниот дел е декориран со интересна геометриска игра на правоаголници во црна боја изработени од лесен транспарентен материјал.

Маргот Роби, Џејсон Ву и  Кејт Босфорт Маргот Роби, Џејсон Ву и Кејт Босфорт

 

Незабележана не помина ниту Никола Пелц која на забавата пристигна во црн коктел припиен фустан без прерамки со ситно фалтирана црна транспарентна наметка врз самиот модел која дополнително ја нагласи елеганцијата и женствената убавина на американската актерка.

Мина Цветковиќ Мина Цветковиќ

На црниот килим се појави и позната српска манекенка Мина Цветковиќ, која со сензуалниот стајлинг и ненаметливата елеганција се истакна како една од најдобро облечените дами.

Никола Пелц Никола Пелц

Имено, Хуго Бос наградите се доделуваат секоја година на еден или група уметници кои работат било каде во светот . Од нејзиното основање во 1996 година, оваа награда се разликува од останатите по тоа што нема никакви ограничувања во поглед на националност или возраст. Наградата е спроведена од страна на Гугенхајм музејот, а е спонзорирана од Хуго Бос, модната компанија која од 1995 година има соработка со музејот и се јавува во улога на спонзор на разни изложби и активности кои се во организација на музејот. Победникот во добива парична награда од 100.000 американски долари и трофеј во форма на пирамида. Жирито кое е составено од пет до шест куратори, критичари и научници прво составува список во кој номинира шест или седум уметници кои би можеле да бидат добитници на наградата. Неколку месеци подоцна тие се состануваат и го одбираат победникот на наградата.

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Сцена