Принцот Чарл вчера го прослави 70. роденден, а по тој повод беше направена и семејна фотографија со неговите деца и нивните семејства.
Но, она што се зборува ден подоцна е фустанот што Кејт Мидлтон го носеше на роденденот. Се работи темносин фустан со точки, со миди должина и долги ракави, креација на Александра Рич.
Кејт многумина ги потсети на Лејди Ди, која во 1985 година носеше речиси идентичен фустан.
Но, тоа не е динствената причина поради која се коментира изгледот на Војвотката од Кембриџ.
Имено, оваа креација се чини е една од омилените кај познатите дами. Доказ за тоа се и фотгорафии од многу други личности кои годинава посегнаа по истото модно парче.
Актерката Ејбигел Спенсер го носеше на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл.
Супермоделот Кристи Бринкли го носеше во април годинава, комбинирајќи го со мантил.
Истиот месец и Сара Џесика Паркер е видена во овој фустан.
На листата познати што го имаат е и Иванка Трамп, Кели Рипа, Дејзи Ридли, Ана Кендрик која пак одбра пократка варијанта на креацијата. Инаку, цената на фустанот е 1.200 долари.
View this post on Instagram
На кого најдобро му стои?
фото извор: harpersbazaar.com; instagram.com; ebag.fashion;