Актерката Ева Лонгорија отсекогаш важела за една од најдотераните жени. Стилот во бременоста беше инспирација за многу трудници, а откако после бременоста успеа да ја врати старата килажа, повторно со своите модни комбинации секогаш е пример за тоа како да се биде истовремено елегантен, женствен и модерен.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Со оглед дека е висока 157 сантиметри, а има облини, идеална инспирација е за жените со слична градба. Ако подобро го анализирате нејзиниот стил ќе забележите дека најчесто носи креации со миди должина. Изборот на обувки најчесто се сандали со ремчиња или во боја слична со тенот, со што визуелно го издолжува телото.
Долгите креации ги чува за ексклузивни пригоди, најчесто имаат шлиц од страната, а чест избор се и асиметричните креации, што подразбираат краток преден дел, додека задниот е долг.
Горниот дел од телото најчесто го истакнува со убаво деколте во срцевиден отвор или корсет, со што оддава впечаток на фигура како песочен часовник.
Шминката секогаш е природна и не премногу нападна.
Во продолжение погледнете ги нејзините последни модни избори, на настани од кои беше дел во последните делови од јули, ќе видите точно за што ви зборуваме:
Во креација на брендот Samantha Rose на приватна забава во Мајами
Во креација на Памела Роланд на HollyRod's DesignCare Gala
Во креација на Витор Зебинато на премиерата на „Дора истражува“ во Лос Анџелес
Повторно креација на Витор Зербинато на Hollywood Foreign Press Association банкет
Во црна тоалета со шлиц на Global Gift Gala во Марбела
Во бела тесна креација на настан на Global Gift Foundation исто така во Марбела
фото извор: dailymail.com;