Инспирирајте се од летните комбинации на Џесика Алба и Габриел Јунион

17 јуни 2019

Прекрасните актерки Џесика Алба и Габриел Јунион во моментов ја промовираат нивната нова серија LA’s Finest која се очекува да биде вистински хит, а за сите промотивни настани одбираат неверојатно стилски комбинации.

На речиси секое појавување тие се совршено усогласени, а сите парчиња што ги носат се одлична инспирација за бројните летни настани што се пред нас.

Неодамна на промоцијата во Монте Карло тие се појавија во лежерни летни фустани, едната во црвено – бела нијанса, додека другата со цветен дезен и длабоко деколте.

Комбинациите двете дами ги надополнија со сандали на висока потпетица и соодветна шминка и фризура.

Елегантни во црно се појавија во Монако – Џесика облечена во романтична Диор креација и балетанки со потпис на истата модна куќа, додека Габриел за пригодата одбра краток кожен фустан од Ермес.

Актерките изгледаа подеднакво прекрасно во дизајнерски фустани и на последната промоција на која се појавија во највпечатливите изданија досега. Џесика блескаше во долг портокалов фустан со високи сребрени сандали и виолетова торбичка, додека Габриел носеше куса креација во зелена нијанса со слични сандали како оние на нејзината пријателка.

Чии комбинации повеќе ви се допаѓаат?

Инфо: Elle.hr

Објавено:
17 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
645 пати