Инстаграм стил: Српската актерка Анѓелка Прпиќ е модна инспирација за жените со ситна градба

4 април 2022

Анѓелка Прпиќ важи за една од најактуелните и најхаризматичните српски актерки, која во својата досегашна кариера успеа да реализира бројни популарни улоги и на театарска сцена, но и на филмското платно, а особено е популарна со телевизиските серии (Единствен излез, Радио Милева, Неважни гости, Андрија и Анѓелка, Наша мала клиника...)

За нејзиниот професионален успех клучна беше 2015 година, кога и беше доделена главната женска улога во ситком серијата „Андрија и Анѓелка" каде глумат пар кој поминува низ сите животни згоди и незгоди, заедно со нејзиниот колега Андреја Милошевиќ. Со оваа серија таа стекна огромна популарност и сега важи за една од најангажираните актерки на Балканот.

Нејзиниот Инстаграм профил е интересен и растеретен, затоа што е микс на обични секојдневни ситуации од нејзиниот приватен живот, комични моменти зад сцената или пак модни фотографии кај кои во фокусто е нејзиниот имиџ.

И токму од тој аспект таа важи за многу модерна и стилски освестена дама, која со својот моден избор би можела да биде инспирација, особено за жените со поситна градба зашто таква е и самата и е свесна за тоа.

Затоа, секогаш бира комбинации што ќе ги истакнат нејзините атрибути и соодветно ќе одговорат на конкретната ситуација. Со голема леснотија и шарм носи женствени фустани со принтови, но исто толку добро и стоја и построги кроеви и елегантни црни макси тоалети.

Многу често може да ја видиме во блејзер со нагласено деколте, во здолништа со кои е нагласен струкот или во фустани со висок шлиц што на фин начин ја открива нејзината женственост.

Не се плаши да си поигра и со боите, па затоа во нејзиниот стил често ќе забележите и интензивни бои или впечатливи принтови.

Интересно е тоа што единствено не се откажува од нејзината плава коса со должина која најчесто варира до вратот и тоа можеби е единствена константна во нејзиниот шаренолик, романтичен и женствен имиџ.

Објавено:
4 април 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.819 пати