Интересни факти за Дејвид Боуви што можеби не сте ги знаеле

12 јануари 2016

Светот се прости од една од најголемите музички легенди на сите времиња Дејвид Боуви, а голем дел од светските магазини денеска ги променија нивните насловни страни и го поставија токму овој исклучителен уметник.

Славејќи го сето она што тој го направи за човештвото, денеска ви откриваме неколку интересни факти поврзани со неговиот живот и дело, а кои можеби не сте ги знаеле.

#Дејвид Боуви е роден како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон, Лондон на истиот датум како и Елвис Присли – 8 Јануари.

#Неговата десна зеница е трајно проширена откако неговиот пријател Џорџ Андервуд го удрил во училишна тепачка. Наводно, тепачката се случила поради некоја девојка. Дејвид и Џорџ останале многу добри пријатели во текот на целиот живот. Поради проширената зеница многумина мислат дека Дејвид има различна боја на очите, но тоа не е така.

#Тој почнал да свири саксофон на 12 годишна возраст, а во текот на неговиот живот научил да свири на вкупно 14 инструменти.

#Неговото прво музичко дело било Liza Jane/Louie Louie Go Home од 1964 – тата година, под името Дејви Џонс. Подоцна го променил презимето во Боуви за да не го споредуваат со музичарот Дејви Џонс.

#Деби албумот го издал во 1967 година под името „Дејвид Боуви“, по бројни свирки по различни пабови со многу бендови.

#На 17 години го дал првото интервју за BBC, но како прв човек на Друштвото за превенција од лошо однесување кон момците со долга коса, со објаснување дека воопшто не  е убаво кога на маж ќе му се обратат со „драга“.

#Во 2004 – тата година на концерт во Норвешка некој од публиката го погоди со лижавче по проблематичното око, а по санирање на проблемот, тој го продолжи концертот.

#Неговата прва водечка улога беше во филмот „The man who fell to earth“ на режисерот Николас Рог.

#Во 2006 – та година, тој се појави во филмот „Prestige“ заедно со Хју Џекмен и Скарлет Јохансон.

#Неговиот постар полубрат Тери боледувал од шизофренија и се самоубил во 1985 – та година. Тој бил инспирација за „Aladdin Sane“, „All the Madmen“, „The Bewlay Brothers“, „Jump They Say“.

#Со сомалискиот супер модел Иман, Дејвид се ожени во 1992 – та година, а со неа ја има ќерката Александра Захра Џонс.

#Во текот на животот, Дејвид бил член на вкупно 10 бендови.

#Во слободно време, тој сакал да слика, да прави скулптури и да пишува. Помеѓу неговите омилени уметници се и Тинторето, Џон Белани, Ерик Хекел, Пикасо и Мајкл Реј Чарлс.

#Неговото музичко студио Ханса во Берлин со поглед на Берлинскиот ѕид, каде ја сними „Berlin trilogy“, денеска е вистинска туристичка атракција.

#Неговото алтер его, Зиги Стардаст, е инспирирано од случајна средба со тогаш веќе изгубената поп ѕвезда и зависник Винс Тејлор, на улицата Карнаби во Лондон.

#Боуви никогаш не сакал да пие чај, бидејќи како мал имал страшна несреќа со шолја топол напиток.

#На албумот „Diamond Dogs“, Дејвид ги свири речиси сите инструменти, а се потпишува и на големиот хит „Rebel, Rebel“.

#Песната „Under Pressure“ со групата Queen настана од спонтана свирка во неговото студио во Швајцарија.

#Во времето кога имал сериозни проблеми со дрогата, правел навистина луди работи, а во еден момент си ја криел урината во ладилник за да не му ја украде лошиот волшебник.

#На соул албумот „Young Americans“ од 1975 – та, еден од неговите пратечки вокали бил Лутер Вандрос.

#Дејвид Боуви е висок 178 сантиметри.

#Групата Placebo беше една од неговите омилени, како и бендот Oasis.

#Неговото славно признание дека е бисексуалец се случи за време на интервјуто за Ролинг Стоун во 1972 година, но подоцна изјави дека тоа го измислил бидејќи сакал да биде мистериозен тип.

#Неговата прва жена Енџи Боуви ја запознал во времето кога наводно биле заедно со ист маж. Тие се земаа во 1970 – тата година, а се разведоа во 1980. Синот го крстија Зови Боуви, но момчето толку го мразело името што го сменило во Џо. Денеска е познат филмски режисер.

Објавено:
12 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.913 пати