Јубилеј за Тајра Бенкс - Среќен 50-ти роденден!

4 декември 2023

Освен што е една од најпознатите супермодели во светот, таа е и водителка, актерка, писателка, продуцентка и ТВ лице.

Тајра Бенкс, која е исто така позната и како BanX е родена на 4 декември и денес полни 50 години.

Со моделинг започнува на 15 годишна возраст, а нејзината ретка убавина ја носи на многубројни ревии од најпознатите модни дизајнери.

Тајра е првата афроамериканка која што се појавила на насловните на GQ и Sports Illustrated Swimsuit.

Паралено со ангажманот како модел Тајра остварува и неколку филмски улоги, глуми во серијата The Fresh Prince of Bel-Air (1993), во хитот Coyote Ugly, во хоророт Halloween: Resurrection (2002), а се појавува и во Gossip Girl (2009) и Glee (2013).

Во 1997 станува еден од ангелите на Викторија Сикрет и таму ќе остане сè до 2005.

Бенкс е креатор, продуцент и водител на серијалот America's Next Top Model, од којшто ќе бидат снимени 22 сезони под нејзино раководство.

Тајра имаше и свое ТВ шоу The Tyra Banks Show, каде што гостуваа многу познати ликови.

Нејзината харизма ќе ѝ донесе ангажман како водителка на America's Got Talent, а во 2020, ќе го води шоуто Dancing with the Stars.

Бенкс поседува и своја козметичка линија, како и продукциска куќа Bankable Productions, којашто застана зад The Tyra Banks Show, America's Next Top Model и филмот The Clique од 2008.

Таа е една од четирите афроамериканци и една од седумте жени коишто со години се рангирани како највлијателни луѓе од страна на магазинот Time.

Тајра заедно со уште 16 други модели го има статусот на Легендарен супермодел, којшто го доделува MODELS.com.

Супермоделот има синче коешто го доби преку сурогат мајка во 2016-та заедно со поранешниот партнер фотографот Ерик Асла.

Среќен јубилеен, 50 роденден Тајра Бенкс!

 Фото: Pinterest

Објавено:
4 декември 2023
Категорија: 
Сцена