Како Бекам ја снимаше новата реклама

24 јули 2013

david 1

Дејвид Бекам има нов парфем кој се вика „Classic“, а кој во парфимериите во Велика Британија ќе се најде до крајот на месецот.

Парфемот го симболизира британскиот беспрекорен стил, под кој суптилно се пробива имиџот на британското лошо момче. Токму како и самиот Бекам.

Со оглед на тоа дека Дејвид има изострено око за фини кроеви и линии одела, не чуди фактот што во видеото за кампањата за парфемот е облечен во темни одела и долчевита која само дополнително ги нагласува неговите остри црти на лицето.

 

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Сцена