Како Емили Купер стана модна икона?

24 ноември 2022

Без разлика кој е вашиот личен став во однос на хит-серијата на Netflix, „Emily in Paris", нејзиниот главен лик - Емили Купер (Лили Колинс), несомнено стана модна опсесија за многумина уште од почетокот на првата сезона.

Фото: Vogue

Изгледот по кој ја препознаваме Емили, кој е наедно остар и шарен, е дело на Мерилин Фитуси, костимографката која ги дизајнира алиштата на Емили веќе три сезони (следната наскоро ќе биде достапна на Netflix, точно на време за празничната сезона).

Фото: Vogue

Модата е составен дел на „Emily in Paris". Веројатно затоа што зад оваа серија која ги разоткрива културните разлики меѓу Франција и САД се крие Дарен Стар, кој не е никој друг туку креаторот на „Sex and the City". Покрај тоа, Патриша Филд која е задолжена за стајлингот на шесте сезони и двата филма, работи како консултант со Мерилин Фитуси. Затоа, логично е овие две серии да имаат сличности.

Фото: Vogue

Како да се дефинира стилот на Емили Купер? Тоа е на половина пат помеѓу Блер Валдорф и Кери Бредшо, со паметна мешавина помеѓу чисто луксузни дизајнерски парчиња и експлозивни додатоци.

Фото: Vogue

За да ви покажеме на што мислиме, во прилог ќе ви ги пренесеме најдобрите изгледи на Емили во серијата.

Фото: Vogue

Објавено:
24 ноември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
714 пати