Има некоја посебна магија на црвената патека на француската ривиера... Канскиот филмски фестивал секогаш бил класа, од секој, па и од моден аспект.
Затоа секогаш очекувањата од фестивалската мода се големи.

И за волја на вистината и годинешното издание на фестивалот не разочара и е во својот полн сјај на црвениот килим.
Сѐ што досега продефилира се вклопува во сликата на елегантен, но ни малку досаден гламур.
Белите тоалети оваа година му даваат особен интензитет на таквиот впечаток.
Како лебеди, грациозно во бели тоалети на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал зачекорија Ен Хатвеј, Алесандра Амбросио, Леони Хана...
Ен Хатвеј во чиста елеганција скроена од Armani Prive.

Алесандра Амбросио во скулптурално изведен гламур како што само Стефан Ролан може да „изваја".

Популарната блогерка Леони Хана во луксузна бисерна тоалета од косовскиот дизајнер Валдрин Сахити.

Уживање е, макар и од дистанца, да се следи целата таа грациозност каква што посебно му прилега на Кан...









