По цели две децении на сцена, Камерон Дијаз сѐ уште е една од најпосакуваните жени во светот и најбараните актерки на денешницата. Во нејзиното последно интервју за августовското издание на магазинот Харперс Базар таа говори за моментите кога животот ја направил помудра и кога всушност пораснала!
Покрај интервјуто, во магазинот можете да ја видите и одличната фотосесија во која шармантната актерка изгледа подобро од кога и да е и тотално им се спротивставува на годините.
Магазинот интервјуто го почнува со шпекулациите за интимната врска на актерката со нејзината колешка Дру Баримур по нејзината изјава дека „во некој дел од животот, сите жени ги привлекуваат други жени“.
„Буквално, посакав да повратам во моментот кога го слушнав тоа. Ако тоа беше вистина, тоа би значело дека сакам да имам секс со мојата сестра. Дали сте луди? Јас дури и не би можела да се сложувам со неа“, вели Камерон.
За тоа дека и на 42 години сѐ уште нема партнер, ниту пак деца, актерката ќе каже:
„Како што секогаш велам и како што сѐ уште се чувствувам, е тоа дека ако сакав да имам деца, досега ќе имав. Јас не знам што ми носи животот, но отворена и подготвена сум за сѐ што ќе дојде. Сѐ е можно“, вели актерката.
Прекрасната Камерон додава и дека како една жена старее, има многу нешта што ги губи, но и многу нешта што ги добива.
„Зошто да сакам да имам 22, кога можам да имам 62? Мислам дека тие години ќе бидат многу подобри од 22. За ништо не жалам и не сакам ништо да вратам назад. Единственото нешто што го сакам е да продолжам напред“, вели за крај Дијаз.
Целото интервју ќе можете да го прочитате во изданието на магазинот што треба да излезе на 22 Август.