Кејти Холмс е стилска кралица по раскинувањето со Џејми Фокс

10 септември 2019

Откако ја раскина шестгодишната врска со Џејми Фокс, се чини Кејти Холмс е посреќна од кога и да е, а тоа се забележува преку позитивната енергија со која плени каде и да се појави.

felipe_ramales_splashnewscom

Но, многумина забележаа и дека нејзиниот моден стил од скромна девојка која секогаш одбираше едноставни парчиња, преку ноќ се промени во нешто спектакуларно.

Деновиве таа е вистинска стилска инспирација кога се во прашање есенските комбинации, па така можеме да ја видиме во едноставна црна ролка и кожени крем панталони со висок струк од нејзиниот нов омилен бренд – Зимерман.

@katieholmes212

Подеднакво стилска беше и на една од ревиите на модната недела во Њујорк каде се појави во црни кожени панталони, бела маичка, тексас јакна и волнен џемпер и изгледаше одлично.

@katieholmes212

Но, се чини најголемо внимание привлече на ревијата на Зимерман во Њујорк каде се појави во елегантен црн фустан со деколте, црни чизми до глуждовите, палто и минималистички накит.

Оваа нејзина комбинација е дефинитивно совршена инспирација за било која свеченост на која сакате да оставите впечаток и да се одвоите од толпата, а притоа сте вљубена во целосно црните стајлинзи.

@katieholmes212

На нејзиниот Инстаграм профил ќе најдете голем број стилски комбинации, а ние ви прикажуваме само неколку од новата Кејт која е нашата нова омилена модна икона.

felipe_ramales

gotham

gothamgetty_images

 

robert_oneilsplash_news

splash_news

splash_news

Инфо: Marie Claire.com

Објавено:
10 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.498 пати