Кендал Џенер главна во кампањата на Карл Лагерфелд

24 јануари 2015

Изминатава недела дефинитивно помина во знакот на новата ИТ девојка Кендал Џенер која беше главната ѕвезда на дури две нови кампањи.

Само два дена откако премиерно беше прикажана рекламата за Есте Лаудер со кои таа во ноември потпиша договор за заштитно лице, ја видовме и како еден од главните ликови во новата кампања на Карл Лагерфелд.

Деветнаесетгодишната девојка во рекламната кампања позира заедно со миленикот на Лагерфелд, 25 – годишниот модел Баптис Жабикони во серија монохроматски фотографии надополнети со колоритните додатоци на брендот.

Покрај шармантната Кендал, во рекламната кампања на Лагерфелд се појавуваат и секогаш прекрасната Саша Лус и Минг Кси.

Ова не е прв пат манекенката да работи со „Тимот на Карл“. Во декември минатата година се шпекулираше дека таа ја одбила понудата на Викторија Сикрет само за да биде дел од истовременото модно шоу на Лагерфелд во Австрија.

Неодамна, таа се појави и на пистата во Париз каде беше прикажана пролетната, 2015 – та колекција на брендот заедно со Џоан Смолс и Жизел Бундшен.

Покрај споменатите успеси, овие денови Кендал можеме да ја видиме и во американското издание на Вог, кое всушност е нејзино четврто појавување во нејзината куса кариера како модел.

По сите овие набројани ангажмани, се чини дека следнава година дефинитивно ќе помине целосно во знакот на Кендал Џенер!

Објавено:
24 јануари 2015
Категорија: 
Сцена