Кети Пери доби восочна фигура во Мадам Тисо

28 септември 2013

Популарната пејачка Кети Пери пред неколку дена доби своја восочна фигура во музејот Мадам Тисо во Њујорк. Таа е претставена во костим што го носеше на турнејата „California Dreams“.

-Бевме затрупани од молби да ставиме восочна фигура од пејачката, затоа решивме да го направиме тој чекор и соработувавме со нејзината костимографката за репликата што повеќе да изгледа како вистинска, изјавува менаџерот на музејот Брет Пиџин.

Освен во Њујорк, восочни фигури од Кети Пери се претставени истовремено и во Амстердам, Сиднеј и Банкок. Во месец јануари беше откриена нејзина фигура и во Лас Вегас, а пејачката на шега изјави дека во иднина ќе ја праќа нејзината двојничка да работи место неа.

Објавено:
28 септември 2013
Категорија: 
Сцена