Прекрасната британска актерка Кира Најтли е главна ѕвезда на јулското издание на Гламур, а во интервјуто за магазинот таа открива дека и покрај тоа што има богатство поголемо од 50 милиони долари, годишно си дозволува да троши само 50.000.
Иако и тоа е голема сума, за ѕвезда како што е таа со филмови како Atonement и Love Actually зад неа и номинација за Оскар, тоа е само капка во океанот!
„Годишно трошам околу 50.000 долари, но морам да кажам дека доколку нешто ми треба или пак сакам нешто, понекогаш трошам и нешто повеќе, но никогаш премногу“, вели Кира во интервјуто.
Таа додава дека е тотално приземјена и дека воопшто не се однесува како филмска дива.
„Живеењето на висока нога значи дека не можеш да се дружиш и да излегуваш со луѓе кои што не го живеат тој живот. Тоа ме оддалечува од моите пријатели и од оние со кои сакам да бидам. Некои од најзабавните моменти во животот сум ги поминала на места кои што биле сѐ, само луксузни не“, додава актерката.
Таа многу често е критикувана дека постојано и се случува да носи исти парчиња по неколку пати, а тоа особено беше случај со нејзиниот Шанел венчален фустан, што го носеше и на неколку настани претходно.
За нејзината свадба со музичарот од бендот Клаксонс, Џејмс Рајтон што се одржа во Јужна Франција, актерката имаше само 11 гости, а 50 на приемот.
„Секогаш кога и да го носам тој фустан, си поминувам одлично, а ако поседувате таков фустан, вреди да го облечете уште неколку пати“, објасни Кира.
Во моментов, прекрасната актерка ужива во Хрватска со нејзиниот сопруг, каде тој заедно со неговиот бенд Клаксонс го отвори годинешното издание на фестивалот FOR.
Одличната фотосесија за јулското издание на магазинот Гламур, во која актерката се појавува во модели на Алтузара, е направена од Том Мунро, а изданието е пуштено во продажба на 17 – ти месецов.