Ќерката на Џоли и Пит сака да го смени полот

16 септември 2015

Информацијата дека 10-годишната Шајло Џоли Пит сака да го смени полот, ја шокираше светската јавност. Често ја гледаме во широки маици и панталони, наместо фустанчиња, а нејзините родители, Бред Пит и Анџелина Џоли го забележале тоа, иако во прво време мислеле дека се работи само за минлива фаза.

Како пренесуваат странските медиуми, грижливите родители сакаат да ѝ го дадат најдоброто.

-И на Аџелина и на Бред им е најважно Шајло да биде среќна и самоуверена и подготвени се да направат сè, за да ѝ дадат дом исполнет со љубов и сигурност – изјави за Radar Online извор близок на семејството.

Во едно интервју Бред изјави дека Шајло бара да ја викаат Џон, а Анџелина во 2010 година во шоуто на Опра призна дека нејзината ќерка сака да биде момче и дека бара да ѝ ја истрижат косата кратко.

-Обожава да носи машка облека и повеќе се дружи со браќата Медокс и Пакс отколку со сестрите. Всушност, таа верува дека е нивен брат – изјави тогаш актерката, додавајќи дека токму времето што го поминува со нив влијаело таа повеќе од шест години да се облекува како момче.

Бред во почетокот мислел дека сè е само фаза, но како времето поминува неговото мислење почнало да се менува. Токму затоа, холивудската двојка одлучила да се консултира со трансполов експерт, кој вели дека сè уште е рано да се преземаат било какви мерки.

Објавено:
16 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
10.411 пати