Ќерката на познатата манекенка и актерка Мила Јовович, Евер Андерсон се најде на насловната на првото американско издание на познатиот француски магазин „Jalouse“.
Единаесетгодишната Евер изгледа преслатко, а фотографиите уште еднаш докажуваат дека таа е копија на нејзината мајка и успешно ги следи нејзините стапки.
Инаку, она што е интересно е тоа што и нејзината мајка во 90 – тите се појави на насловната на првото издание на францускиот магазин.
Токму со ова таа ја почна нејзината Инстаграм објава во која напиша и дека се гордее со нејзината прекрасна ќерка и во каква личност расте таа, а особено му посвети внимание на интервјуто што малата Евер го дала за магазинот.
На фотографиите слатката Евер изгледа неверојатно во неколку шик стајлинзи претежно комбинирани со парчиња од Прада, а особено впечатлива е нејзината интересна кратка фризура поради која уште толку наликува на мајка си.
Во една пригода актерката ќе изјави дека најважно е да разговараш со децата во секое време, особено кога ќе забележиш дека прават нешто што не треба.
„Секогаш кога ќе видам дека почнуваат да се однесуваат со луѓето без почит, им велам, застанете, мора да разговараме. Во овие ситуации, им зборувам за тоа што се случува во сетот, им кажувам колку се среќни и дека мора да запомнат што е важно во овој живот“, вели актерката во едно интервју.
Инаку, таа е во брак со режисерот Пол Андерсон од 2009 – тата година, а неодамна соопштија дека го очекуваат третото дете заедно.
Инфо: Daily Mail
Фото: Just Jared, Daily Mail