Ќерката на Ума Турман и Итан Хоук е новата модна миленичка?
•
4 јуни 2015
Таа има 16 години, изгледа совршено и е ќерка на актерите Ума Турман и Итан Хоук. Се вика Маја Турман-Хоук и се појави на црвениот килим на неодамнешните „модни оскари“, CFDA наградите во Њујорк.
Медиумите веќе ја прогласија за новата миленичка на модната индустрија бидејќи едноставно изгледаше раскошно во флоралниот фустан од Зак Посен, а манекенските пропорции и ангелскиот лик и ветуваат успешна кариера во модниот свет, се разбира ако тоа е нејзин избор.
По ќерката на Џони Деп, Лили Роуз која веќе ги имаше нејзините први модни ангажмани, веќе сме во очекување во која насока ќе се движи кариерата на Маја Турман-Хоук. Сепак таа има само 16!