Честопати мислиме дека животот на познатите актерки е гламурозен. Но, зад сјајот се крие макотрпна работа, а честопати и недолични и сексистички коментари од режисерите.
За таквите ситуации прозборуваа дел од познатите актерски имиња.
Дебра Месинг
„Никогаш претходно не бев на филм. Со Киану Ривс снимавме љубовна сцена (филм:A Walk in the Clouds). Започнавме со снимањето на сцената и еден многу познат режисер почна да вика: „Стоп! Колку бргу можеме да донесеме пластичен хирург овде? Нејзиниот нос ми го уништува филмот!“. Бев во шок. По дипломирањето на Мастер студиите по актерство бев толку полна со самодоверба. Студирав во Лондон и многу добро ги совладав сите вештини потребни за на сет, а потоа дојдов таму и се случи тоа – сè се сведе на не-Холивудскиот нос“, откри актерката за магазинот „Ел“.
Винона Рајдер
„Се сеќавам, бев на аудиција и во сред реченица кастинг директорката ме прекина и ми кажа: „Слушај дете. Ти не треба да бидеш актерка. Не си доволно убава. Треба да се вратиш од каде што си дошла и треба да одиш во школо. Го немаш „иск факторот“ за оваа работа. Беше брутална. Веројатно таа мислише дека навистина ми прави услуга со тоа што ми го кажа“, изјави актерката во едно интервју за магазинот „Интервју“.
Лена Данам
Во една пригода, соработничката на актерката, Џени Корнер, откри незгодна ситуација што Данам ја имала со еден режисер.
„Тој ја праша Лена да оди на вечера со друга актерка од шоуто, со која соработува. Причината не беше во тоа тие две да се запознаат, туку тој сакаше Лена да ја убеди актерката да ги покаже градите или некои други голи делови од телото на телевизија. Лена секако не се согласи, но тој продолжи: „Па, ти би покажала сè, дури и чмарот“.
Кејт Бекинсејл
Актерката во 2001 година беше дел од остварувањето „Перл Харбор“. И покрај големиот успех, режисерот Мајкл Беј немал многу убави зборови за неа.
„Кога го промовиравме филмот, Мајкл постојано добиваше прашања зошто ги одбрал Бен Афлек и Џош Хартнет и тој велеше: „Со Бен сум соработувал и претходно и го сакам, а со Џош најмногу бидејќи е одличен актер“. Потоа го прашаа зошто ме одбрал мене, а тој кажа: „Кејт не беше толку атрактивна, за да ја отуѓи женската публика“.
Подоцна ги правдаше коментарите велејќи дека ние сме пријатели и дека тоа го смета за „смета за смешна приказна“. Сепак, не може многу да му се верува бидејќи на истото прашање за нејзиното учество во филмот „Movieline“ повторно ја направи истата грешка: „Не сакав некој што е премногу убав“.
Лена Хедеј
„Кога бев во моите 20-ти, одев на многу аудициии или праќав снимки за аудиција, насекаде низ САД. Но, го паметам коментарот на еден кастинг директор кој ми кажа: „Мажите ги носат овие снимки дома, ги гледаат и за тебе би кажале: „Кој би спиел со оваа?“.
Веројатно сега, кога ја гледаат прекрасната Хедеј во улога на кралицата Серсеи, сфаќаат колку згрешиле.