Кои познати личности ја понесоа титулата најдобро облечени за 2022 година

29 декември 2022

Годинава што изминува многу познати личности докажаат и покажаа како треба да се негува сопствениот стил. Сепак на листата најдобро облечени доминираа неколку од нив.

Ријана

Ријана во 2022-ра за прв пат стана мајка, а нејзиниот труднички стил беше еден од највпечатливите изминатава година.

Бела Хадид

Бела секако важи за модна икона, но оваа година ќе остане запаметана по модниот перформанс што ја одбележа 2022-ра, кога на самата писта за неколку минути беше креиран фамозниот бел фустан.

Хајди Клум

Од сите изданија што досега ни ги има приредено Хајди Клум, најзапаметен годинава ќе остане костумот во форма на црв за Ноќта на вештерките. Сепак, таа е една од жените со најдобар стил години наназад и секој нејзин аутфит е достоен за почит.

Ен Хатавеј

Холивудската актерка се најде на оваа листа токму поради репризирањето на изданијата што самата ги носеше во филмот The Devil Wears Prada каде ја играше главната улога.

Бијонсе

Неприкосновената Бијонсе годинава особено го истакна стилот со нејзиниот албум Renaissance, како и со кампањата за Tiffany & Company. 

Хери Стајлс

Хери Стајлс заслужено се наоѓа на листата најдобро облечени за годинава. Најмногу ќе остане запаметен по светкавиот костум на неговата турнеја.

 Зендаја

Младата актерка ги врти погледите каде и да се појави, особено на црвениот килим. Без разлика чија креација носи, Зендаја блеска во сите изданија.

 Фото: Pinterest

Објавено:
29 декември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
633 пати