Кој би можел да го замени Марк Џејкобс?

4 октомври 2013

Џејкобс зад себе има 16 успешни години соработка со Луј Витон и токму поради тоа мора да се пронајде наследник кој ќе го продолжи неговото дело. Во модните кругови веќе почнаа да се нагодуваат имиња на дизајнери кои што би можеле да го наследат.

Nicolas Ghesquière

За него прво почнаа да се шират гласини и тоа со причина. Петнаесет години беше на чело на Баленсијага и токму поради тоа тој е прв на листата за замена на Џејкобс.

Phoebe Philo

Оваа Британка започна со работа во модната куќа Клое како асистент на Стела Мекартни, а сега е асистент во Селин. Нејзините колекции се полн погодок, а девојките ги обожаваат креациите кои таа ги сработува.  Можеби нејзината следна дестинација е токму Луј Витон.

Haider Ackermann

Овој дизајнер со колумбијско потекло искуството почна да го стекнува во италијанската модна куќа Руфо, а потоа се ширеа гласини дека ќе биде дел од тимот на Мартин Марџела и Диор. Самиот Карл Лагерфелд го смета за свој наследник, а дали ќе биде така ќе покаже времето.

Jonathan Saunders

Покрај тоа што има свој бренд, познат е по принтовите. Сандерс е креативен директор на Полини , а Луј Витон би било вистинското место за неговиот талент да дојде до израз.

Richard Nicoll

Луј Витон би бил вистински предизвик за овој австралиски дизајнер кој моментално работи во Лондон. Предноста е тоа што во 2005 година веќе има соработувано со Марк Џејкобс за колекцијата пролет/лето.

Olivier Theyskens

Портфолиото на овој млад дизајнер е полно со соработки со голем број модни куќи, а на него може да позавидат и некои постари дизајнери. Во интервју за магазинот Business of Fashion изјавил дека за секој дизајнер неопходно е да има константни промени, па може следната дестинација ќе биде токму Луј Витон.

Alber Elbaz

Ова е дизајнерот без кој Ланвин не би бил тоа што е денес. Се надеваме дека ако изборот падне на него, дека би можел да работи на двете места истовремено бидејќи би била загуба за брендот за кој моментално работи.

Christopher Kane

Го нарекуваат „шкотското чудо“, а претходно беше креативен директор на Версус Версаче. Денес има свој бренд кој е бр. 1 ривал на Витон, па токму поради тоа, интересно би било да се види на чело на овој бренд.

Giambattista Valli

По долгиот список на брендови со кои има соработувано, Џамбатиста креираше своја линија која денес е успешна, а во првите редови на неговите ревии има голем број селебрити, меѓу кои секогаш е Сара Џесика Паркер. Ова се доволно причини за да биде дел од тимот на Луј Витон.

Објавено:
4 октомври 2013
Категорија: 
Сцена