Кој ја краси насловната страна на српското издание на Elle Man?
•
24 септември 2014
Србија го доби своето прво издание на Elle Man, а насловната страна ја краси Едвард Вилдинг, кој до сега бил дел од кампањите на Кристијан Диор и Версаче, а за потребите на магазинот позираше пред објективот на Стефано Моро Ван Вик.
Едиторијалот е посветен на есенските трендови, а во него доминира „dandy“ стилот. Снимањето беше направено за време на машката модна недела во Милано. Стајлинзите ги потпишува Милан Џачиќ, а за мејкапот се погрижи Мимо Ду Маџио. За сликањето на едиторијалот Едвард носи парчиња од повеќе модни куќи, меѓу кои се Живанши, Долче и Габана, Армани и Мезон Мартин Марџела.