Британци, високи преку 180 сантиметри, згодни, актери - Колин Фирт и Хју Грант неделава полнат 60 години. Грант роденденот го прославува денес, а Фирт за два дена.
View this post on Instagram
Овие двајца актери беа дел од големиот филмски хит за „Бриџит Џонс“, а „Дејли Мејл“ се потрудија да направат список каков што би направила Бриџит Џонс кој би одговорил на прашањето - кој од овие двајца фраери би успеал да ја освои денес?
View this post on Instagram
Критериум: Награда
Колин: Оскар за улогата во „Говорот на кралот“
Хју: Кому му е потребен Оскар? Добрата коса е мнооогу поважна :)! Шега на страна, сите беа изненадени што Грант не освои дури ниту номинација за „Четири венчавки и погреб“. Но, освои „Златен глобус“ и „Бафта“ и многу други филмски награди, но не и оваа престижната.
Победник: Колин. Оскар е сепак Оскар....
View this post on Instagram
Критериум: Драма и скандали во вистинскиот живот
Колин: Прекрасна жена е омажена за еден од најзгодните мажи во светот. Потоа, таа еден ден ќе има афера со Италијанец. Таа ќе рече дека тој ништо не ѝ значи, но Италијанецот ќе каже дека е долгогодишна афера и љубов. Звучи како приказна од романтична комедија, но сопругата на Колин, Ливија навистина призна дека има афера со италијански новинар. Колин ѝ прости, но сепак се разделија.
Хју: Беше тоа пред 25 години. Продолжи понатаму. Хју имаше момент на “лудило“ кога собра проститутка во својот автомобил чие име медиумите го објавија и е Дивајн Браун. Полицијата ги сопре, а Грант кој тогаш важеше за „лошо момче“ излезе на телевизија и рече дека му е жал за целата ситуација. Тој тогаш беше во врска со Елизабет Харли.
Победник: Хју Грант, затоа што е поскандалозен.
View this post on Instagram
Критериум: Богатство и слава
Колин: 19 милиони фунти
Хју: 60 милиони фунсти
Победник: Хју!
Критериум: Поранешни девојки
Колин: Долги години се забавуваше со Елизабет Бенет, а потоа ја запозна Италијанката Ливија.
Хју: Листата е подолга. Но, тој долго време се забавуваше со Елизабет Харли, секс-симбол на цела една генерација. После 13 години тие се разделија, а потоа Грант се забавуваше со Џемима Кан. Таа врска траеше 3 години. Во 2011 година, актерот започна врска со кинеската актерка Тинглан Хонг, а додека беше бремена со неговото второ дете, тој почна врска со шведската тв продуцентка, Ана Еберштајн, која исто така беше бремена од него. Тој и Ана денес се во брак, а Хју има вкупно пет деца (од две жени).
Победник. Хју, сепак беше со ненадминливата Елизабет Харли која ја посакуваше цела Британија.
View this post on Instagram
Критериум: Татковство
Колин: Татко на три сина, најстариот Вил има 29 години и тргна по стапките на Колин. Од бракот со Ливија, тој ги има синовите Лука (17) и Матео (19). После разделбата тие останаа пријатели.
Хју: Една венчавка и пет деца. Неодамна изјави дека згрешил што долго време не сакал да има деца, бидејќи тие се нешто најубаво што му се случиле. Табита (8), Феликс (7) се од Тинглан. Џон (8) е најстариот од трите деца со Ана. Тие имаат и четиригодишна ќерка и двегодишен син.
Победник: Колин. Бриџит би можела да го замисли како ги учи синовите на рагби и како ги носи на нивниот прв натпревар.
View this post on Instagram
Критериум: Активизам
Колин: Херој за човекови права, како Марк Дарси. Се залага за здрава животна средина, еднаш дури носеше и фустан направен од рециклирани пласични шишиња. Исто така, член е на група која ги брани човековите права.
Хју: Политички ѕвер. Поседува фондација именувана по неговата почината мајка, чие работење е посветено на грижата на возрасните. Минатата година се впушти и во политиката, а активно се заложуваше за спречувањето на „Брегзит“.
Победник: Колин.
View this post on Instagram
Критериум: Дом
Колин: Италијанска вила. Но, покрај тоа има и семејна куќа во Западен Лондон, вредна 3 милиони фунти.
Хју: Актерот живее во куќа вредна 30 милиони фунти во Челси.
Победник: Колин. Вила во Италија покрај река е сон на секоја жена, би рекла Брижит.
View this post on Instagram
На крајот победник е Колин. И после толку години, изборот на Бриџит повторно би бил згодниот Дарси.