Комбинациите на Кејт Мидлтон со капутите во боја се идеални за празничната сезона

9 декември 2020

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон периодов се на таканаречената „Royal Train Tour“. Досега посетија неколку места во Англија и Шкотска, а војвотката од Кембриџ се потруди да го усогласи модниот израз со празничниот период.

Едно од највпечатливите нејзини изданија е она при посетата на Универзитетот во Кардиф. Кејт носеше црн макси фустан во комбинација со долг црвен капут, а комбинацијата ја направи уште повпечатлива карираниот црвен шал, кој дефинитивно внесе празнична нота.

Претходно при посета на Шкотска носеше кариран комплет во темнозелени нијанси, а таа естетика, барем кога е бојата во прашање ја задржа и при враќањето дома и средбата со кралицата во Виндсор замокот. Долгиот темнозелен капут беше збогатен со крзена јака и впечатливи копчиња.

Но, мора да признаеме дека и комбинациите во сино не се ништо помалку впечатливи. Џемпер со празнични мотиви, тегет панталони со малку ѕвонести ногавици и долг тегет капут е полн моден погодок.

Во продолжение погледнете ги сите изданија од „Кралската тура со воз“, може да ви послужат како инспирација за актуелниот период.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.027 пати