Корисен трик: Пенелопе Круз носи џинс што визуелно ги издолжува нозете
•
6 септември 2019
Во текот на фестивалските денови на Венецискиот филмски фестивал, ѕвездите покрај тоа што ги гледаме во гламурозни изданија на црвениот килим, го привлекуваат вниманието на јавноста и со нивните лежерни, дневни изданија, надвор од официјалната програма.
Прекрасната 45-годишна актерка Пенелопе Круз, деновиве беше забележана во едно опуштено, но урбано издание, што вклучува џинс што визуелно ги издолжува нозете и е одличен избор за пониските девојки.
Се работи за модел во „ѕвонеста" форма, што сезонава повторно се популаризира.
Во комбинацијата на Пенелопе, џинсот е стилизиран со кратко црвено сако и Шанел чанта, што е една варијанта како може да ги комбинирате.
Фото: Daily mail