Крај за шоуто на Елен Деџенерис!

14 мај 2021

Познатата водителка и комичарка, Елен Деџенерис, најави дека повеќе нема да го снима популарното ток шоу.

Имено, веќе 19 години таа разговара со некои од најголемите холивудски имиња, дели подароци и пренесува интересни животни приказни, но сега вели дека е доста.

Сепак, официјалниот крај ќе се случи во 2022 година.

„Иако оваа емисија е прекрасна и забавна, едноставно не ми е веќе предизвик. Сакав да престанам после 16 сезона. Бев подготвена да потпишам договор за евентуално уште една сезона, но ми кажаа дека не е возможно. Се договоривме дека ќе работиме уште три години и знаев дека тоа ќе биде крај. Таков беше планот“, вели водителката за „Холивуд Репортер“.

Сепак, многумина причината за нејзината одлука ја гледаат во срушениот рејтинг кој доаѓа како последица на обвинувањата на поранешни вработени дека водителката создала токсична атмосфера за работа.

Тие ја обвинија дека вршела мобинг, како и дека атмосферата до тој степен била неподнослива што дури тројца постари продуценти останале без работа.

Без оглед на тоа што вистински се крие зад крајот на едно од најпопуларните шоуа, следната година Елен веќе нема да ја гледаме на малите екрани, барем не во рамки на оваа улога и шоу.

 

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
704 пати
Тагови: 
Елен ДеЏенерис