Кралицата Летиција е дефинитивно една од најдобро облечените жени во светот, со внимателно одбрани комбинации што секогаш ѝ прилегаат толку добро.
Тоа беше случај и со нејзиното последно појавување во едно училиште за да го означи стартот на учебната година, а за пригодата одбра фантастична црно бела комбинација која е како создадена за работните денови во кои сакате дополнително да се истакнете.
Нејзината комбинација е доказ дека секоја дама во својот плакар треба да има чифт добри црни панталони и бела кошула за стилски изглед во секој момент.
Токму такви парчиња одбра и кралицата, а комбинацијата ја истакна со бел ремен на половината кој ѝ даде дополнителен стилски печат.
Секогаш елегантната Летиција стајлингот го надополни со црни чевли на ниска и шик потпетица, едноставна и нежна шминка, како и софистицирано репче кое секогаш изгледа толку добро.
Токму овие парчиња се нешто во што вреди да инвестирате оваа есен, а иако кошулата е на куси ракави, во студените утра можете да ја надополните со некое палто по ваш избор.
Панталоните се дефинитивно едни од омилените на девојките сезонава, благодарение пред сѐ на високиот струк, можноста да се комбинираат со разни маички и кошули, како и широкиот крој што ги прави ултра кул. Конкретно, панталоните што ги носи кралицата Летиција се од шпанскиот бренд Uterque и чинат околу 80 евра.
Како ви се допаѓа оваа деловна комбинација на прекрасната кралица Летиција?
Инфо: Tportal.hr
Фото: Daily mail