Хајди Клум е дефинитивно кралица на костимите за Halloween. Таа е секогаш во центарот на вниманието, благодарение на одличните маски што ги презентира низ годините.
Доволно е да се каже дека моделот лани беше преправена во џиновски дождовен црв. Нејзините објави се секогаш вирални, а маските за секоја почит.
Годинава Хајди реши да вклучи повеќе луѓе во својата уникатна маска, па така на големо исчекување на јавноста, таа вчера се појави како паун.
Нејзиниот сопруг исто така беше дел од костимот, појавувајќи се како нејзино јајце.
Идејата на Хајди, во најголема мера, ја реализираше дизајнерот Бил Корсо, со којшто таа соработува подолго време.
Сепак екс-ангелот на Викторија Сикрет, признава дека секоја година е под голем притисок да се надмине себе си со маската.
Годинава сакав да направам нешто што вклучува повеќе луѓе и така се одлучив за паун.
Хајди од 2000-та наваму ги има убедливо најдобрите Halloween костими, а тоа го докажа и годинава.
View this post on Instagram
View this post on Instagram