Кристофер Кејн домаќин на годинешната „Серпентајн“ забава

3 јули 2015

Лара Стоун, Попи Делевињ, АЛекса Чанг и Кристофер Кејн

Една од првите асоцијации на спојот на уметноста и модата е секако познатата лондонска галерија „Серпентајн“. Во тој манир се продолжи и оваа година.

Шпанскиот уметник Хозе Селгас беше задолжен оваа година за прокетирање на павиљонот во Кенсингтон. Отворањето и презентацијата на неговата градба беше, како и секогаш, пропратено со забава, на која годинава домаќин беше дизајнерот Кристофер Кејн.

Градбата на Хозе Селгас Градбата на Хозе Селгас

Очекувано, на настанот се појавија голем број познати личности од светот на модата, а дел од нив, меѓу кои и Алекса Чанг и Попи Делевињ, носеа креации од Кејн.

Суки Ватерхаус во Валентино Суки Ватерхаус во Валентино

Суки Ватерхаус се одлучи за креација на Валентино, и повторно предизвика голем број симпатии. Меѓу присутните беа и моделите Карли Клос, Лара Стоун, Тони Гарн, а што носеа погледнете во продолжение:

Објавено:
3 јули 2015
Категорија: 
Сцена