Лана дел Реј ќе пее на свадбата на Џорџ Клуни?

7 јули 2014

Холивудскиот убавец Џорџ Клуни оваа есен конечно ќе го каже судбоносното „да“ на неговата избраничка, адвокатката Амал Аламудин, а токму за таа пригода на церемонијата одбрале да им пее прекрасната Лана дел Реј.

Според информациите од странските медиуми, пејачката сѐ уште ниту им потврдила на младенците, ниту пак ги одбила.

Шармантната Лана е една од најбараните пејачки за вакви церемонии во Холивуд, а откако беше ангажирана од Канје Вест кој и плати околу 2, 5 милиони долари за три песни, сега дојде редот на Клуни.

Лана на свадбата на Ким и Канје Лана на свадбата на Ким и Канје

 

Според шпекулациите во американските магазини, оваа сума била намалена, со оглед на тоа што Лана и Канје се пријатели и приватно, па се очекува пејачката од Клуни да побара многу повеќе.

Свадбата со Амал, Клуни ќе ја направи оваа есен во магичната Италија. Со оглед на тоа што токму Лана е омилената пејачка на неговата избраничка, голема е веројатноста дека тој ќе направи сѐ за да ја задоволи.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Сцена