Лего дизајнери v.s плетени дизајнери

22 март 2014

Луѓето од модната индустрија и шоубизнисот се изгледа непресушна инспирација на креативците. Така и данската компанија Лего не успеа да им одолее, па претстави нова верзија на ексклузивни играчки.

Идејата всушност потекнува од магазинот „Harper's Bazaar“, а на Лего семејството му се приклучија Донатела Версаче, Албер Елбаз, Марк Џејкобс и Карл Лагерфелд. Секоја од фигурите ја има најизразената специфика на дизајнерите кога е физичкиот изглед и облеката во прашање, па така Марк има брада, темните очила и овој пат се заштитен знак на Лагерфелд, русата коса на Донатела, а големата црвена вратоврска-пеперутка на Албер Елбаз.

лего дизајнери

Колекцијата  направена во чест на лансирањето на филмот, чија премиера беше во февруари, е ограничена и за жал на многубројните обожаватели, нема да биде достапна во продажба за широката народна маса.

Но, дел од модните икони и дизајнери добија и своја плетена верзија од брендот Муа Муа. Ова се интересни и уникатни кукли, по кои веднаш ќе препознате за која личност се работи.

Куклите се произведени во Бали и се рачно изработени од локалните жени, кои пак при изработката користат природни материјали достапни на островот. Главниот човек на брендот Лудовика Вирга се состанала со Легерфелд и му ја претставила куклата инспирирана од него. После неговата фотографија, модниот свет се воодушеви и ги засака овие кукли, кои како велат од брендот, ја држат лошата енергија далеку и ја претвораат во љубов.

За разлика од Лего дизајнерите, овие кукли можат да се купат и тоа по цена од околу 100 евра, па така сите љубители на ваков тип изработка, или колекционерите во својот дом можат да ги „угостат“ Ана дел Русо, Џорџо Армани, Лејди Гага, Бијонсе, Обама...

Објавено:
22 март 2014
Категорија: 
Сцена