Лејди Гага и Бред Пит ќе бидат дел од новиот трилер на Дејвид Линч

23 ноември 2020

После успехот на филмот „Ѕвездата е родена“, за кој доби и „Оскар“, Лејди Гага повторно ќе ја гледаме на големото платно.

Имено, како пренесуваат странските медиуми, поп ѕвездата ќе биде дел од новото остварување на режисерот Дејвид Линч, насловен како „Bullet Train“. 

Се работи за трилер, а дејството следи група платени убијци со спротиставени мотиви во воз за Токио.

Една од главните улоги ќе му припадне на Бред Пит, а во филмот ќе се појават и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Брајан Тајри Хенри, Мајкл Шенон, Маси Ока и Зази Битс.

Не е познато дали Гага ќе биде еден од платените убијци, а извор за странските медиуми посочи дека улогата која ѝ е понудена не е главна.

Поп ѕвездата се' уште не ја потврдила веста, но дел од медиумите пренесоа дека таа воопшто не се двоумила дали да ја прифати понудата.

Реакциите за тоа дека ќе се најде рамо до рамо со Бред Пит на големото платно, се повеќе од позитивни, а според досега познатите информации, снимањето ќе започне во 2021 година

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
630 пати