Лејди Гага се претстави со нов парфем
•
11 август 2014
Новитет на овој план е лансирањето на вториот по ред парфем„ Eau De Gaga“ кој прво го најави на Инстаграм, а потоа на Твитер објави – „Парфем наменет за авантуристичките жени и мажите кои ги сакаат. Новиот мирис сакав да биде безвременски, елегантен, во луксузно шише, нешто кое ќе трае засекогаш“.
Кампањата за новиот парфем треба да биде дел од септемвриското издание на Harper’s Bazaar, а сега за сега покрај сликата со изгледот на парфемот е објавена една фотографија, дело на фотографот Стивен Клејн.