„Луѓето видоа љубов на сцената и погодете: Тоа е она што сакавме да го видите“, рече Лејди Гага во последната емисија на Џими Кимел и со тоа им стави крај на шпекулациите дека се случува нешто помеѓу неа и Бредли Купер.
Во гостувањето, водителот побара таа да го искаже нејзиното мислење за сите вести поврзани со „љубовта“ помеѓу неа и актерот и режисер на „A star is born“, на што таа само ги преврте очите.
„Знаете како...Моето искрено мислење е дека социјалните мрежи се тоалетот на Интернетот. И песната и филмот се љубовни, тоа е една прекрасна приказна. Работевме многу напорно, Бредли ги режираше сите моменти во филмот, јас знаев дека тој има визија за тоа како сето тоа треба да изгледа и така и беше. За мене беше важно да сме поврзани на сите заеднички настапи. За време на турнејата со Тони Бенет, постојано бев со него и се прегрнувавме. Мислам...Кога пееш љубовни песни, тоа е она што сакаш луѓето да го видат и почувствуваат“, изјави пејачката и актерка во емисијата.
На ова, Кимел ѝ се обрати:
„Имаше ли афера со Тони Бенет? Биди искрена!“
Пејачката му одговори со неколку смешни гримаси и едно големо не.
„Јас сум артист и најверојатно завршивме добра работа. Ве измамивме!“, се пошегува пејачката, мислејќи на љубовната поврзаност со Бредли.
Во емисијата таа раскажува и за фантастичниот настап што таа и Бредли го имаа на Оскарите и за тоа колку е тој талентиран, со оглед на тоа што сè она што го видовме во филмот тој го има испеано во живо, во самиот момент на снимање.
Инфо: Jimmy Kimmel Live
Фото: ABC