Во Стејплс центарот во Лос Анџелес вчеравечер се одржа најголемата ноќ во музиката, а сосема очекувано, таму се појавија некои од најголемите ѕвезди од музичката индустрија.

Дуа Липа

Популарните девојки од шоу бизнисот се појавија во своите најдобри изданија, а како што е тоа случај во последно време, на црвениот килим доминираше Лејди Гага во фантастичен сребрен фустан од Селин.

Лејди Гага во Селин

Фустанот со впечатлив карнер на страната пејачката и актерка го комбинираше со сандали на висока потпетица во иста боја и раскошен ѓердан што дополнително ја истакнуваше нејзината убавина.

Што се однесува до наградите, популарната Дуа Липа беше одбрана за најдобар млад артист, пејачката Кејси Масгрејвс освои четири награди за нејзиниот кантри албум „Златниот час“, додека Лејди Гага дома си замина со три награди.

Џенифер Лопез и Лејди Гага

Со солзи во очите, таа му се заблагодари на нејзиниот колега Бредли Купер, кој не се појави вечерта за да присуствува на Бафта наградите во Лондон.

На црвениот килим во винтиџ креација од 1995 – та на Муглер се појави и контроверзната Карди Би која напиша историја со тоа што ја доби наградата за најдобар албум во категоријата соло рапери.

Карди Би во Муглер

Оваа година, наградите за животно достигнување ги добија Доли Партон и Дајана Рос, а целата вечер им беше посветена на жените изведувачи кои уште еднаш докажаа дека се супер моќни со одличните настапи.

getty images - bbc

Токму жените меѓу кои Камила Кабејо, Мајли Сајрус, Бренди Карлајл, Доли Партон, Кејти Пери блеснаа на сцената со нивните и повеќе од одлични настапи.

Вистинско изненадување се случи кога на сцената заедно со Алиша Кис, Џенифер Лопез и Лејди Гага се појави поранешната прва дама на САД Мишел Обама која говореше за моќта на музиката. 

Getty Images BBC

Шоуто го отвори фантастичната Алиша Кис која беше и домаќин на вечерта и одлично ја заврши работата, појавувајќи се во одлични креации што и прилегаа совршено. Добитничката на 15 Греми награди ја воодушеви публиката со нејзиниот неверојатен настап кога свиреше на две пијана одеднаш, пеејќи некои од најпознатите песни во музичката историја.

Иако претходно Џенифер Лопез им се обрати на фановите на Инстаграм дали да се појави на Греми наградите со куса или долга коса, таа сепак одбра да ја украси креацијата од Ралф и Русо со впечатлива шапка и долго опавче.

Џенифер Лопез

Погоре во галеријата можете да ги погледнете сите познати ѕвезди кои вчеравечер блеснаа на Греми наградите во Лос Анџелес.

Инфо: Daily Mail

Фото: Daily Mail, BBC, Getty Images

Објавено:
11 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.361 пати